Нови 289.600 работни места отвара Канада

Од:

Канадската агенција за статистика објави дека во мај во земјата се отворени 289.600 работни места со повторно продолжување со работа на компаниите и олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.

Стапката на невработеност се искачи на рекордно високо ниво од 13,7 проценти, надминувајќи го претходниот максимум од 13,1 процент од декември 1982 година.

Некои економисти предвидоа загуба од 500.000 работни места во мај и стапка на невработеност од 15,0 проценти.

Зголемувањето на работните места доаѓа откако во март и април беа загубанеи три милиони работни места, а околу 2,5 милиони луѓе работеа со скратено работно време.

Според канадската агенција за статистика, бројот на луѓе кои работеле помалку од вообичаениот број часови во мај паднал за 292.000.

Би можело да ве интересира

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски