Преговорите меѓу меѓународната „шесторка“ и Иран посветени на контроверзната иранска нуклеарна програма, што во изминативе два дена се одржаа во казахстанскиот град Алмати, завршија денеска без резултати.
– На дводневните преговори не е постигнат договор и сега ни претстои домашна работа, изјави рускиот заменик-министер Сергеј Рјабков по завршувањето на разговорите.
Ззасега нема повеќе детали околу текот на преговорите, а за подозна е најавена заедничка прес-конференција на вискиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон и на секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Саид Џалили.
„Шесторката“ на преговорите за иранската нуклеарна програма ја сочинуваат петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН – Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција и плус Германија.