Новата романска малцинска Влада не ја доби довербата од парламентот

Од:

Како и што се очекуваше Дачијан Чиолос не ја доби парламентарната доверба за неговата центристичка малцинска влада, со што се продолжи политичкиот ќорсокак во Романија во време на раст на заразите со коронавирус.

Романија, една од најсиромашните земји членки на ЕУ, е во политичка парализа откако парламентот на 5 октомври ја собори либералната влада, загрозувајќи го заздравувањето на земјата и напорите да се намали двојниот дефицит во време на раст на цените на енергијата.

Романскиот претседател Клаус Јоханис му го довери мандатот за формирање нова влада на чодерот на партијата УСР, Дачиан Чиолос, откако минатата недела и беше изгласана недоверба на коалициската влада на Флоријан Читу, што траеше само девет месеци.

Коалицијата на Читу се распадна минатиот месец откако центристичката УСР, релативно нова група, ги повлече своите министри, оставајќи ја без парламентарно мнозинство.

Бидејќи Чиолос, поранешниот премиер на технократската влада од 2015 до 2017 година, не ја доби довербата во парламентот, романскиот претседател, според уставните одредби, ќе мора да даде нов мандат за формирање влада на некој друг, откако ќе се консултира со политички групи.

Се очекува да биде некој кандидат од редовите на неговата Либерална партија.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски