Новата израелска Влада денеска ќе положи заклетва

Од:

Новата израелска Влада вечерва ќе положи заклетва со што ќе се стави крај на 18 месечниот политички ќор-сокак предизвикан од три последователни парламентарни избори на кои немаше јасен победник.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху синоќа официјално објави дека успеал да формира нова Влада во писмо до претседателот на Кнесетот, лидерот на партијата Сино и бело Бени Ганц и израелскиот претседател Рувен Ривлин.

Владата во која Ганц по 18 месеци ќе го замени Нетанјаху како премиер, согласно коалицискиот договор, ќе положи заклетва по гласањето на пратениците на пленарна седница на Кнесетот, која почнува во 18 часот по локално време (17 часот по средноевропско време).

Тоа ќе биде прва израелска Влада целосно функционална од крајот на декември 2018 година.

Нетанјаху вечерва ќе ги претстави у новите министри, основните принципи и насоките на новата влада.

Со оглед на тоа што со коалицискиот договор е создадена нова функција алтернативен премиер, се очекува и Ганц да се обрати пред пратениците, а ќе зборува и Јаир Лапид, лидер на опозицијата и на партијата од центарот Има иднина, јавуваат израелските медиуми.

Врз основа на коалицискиот договор потпишан во април меѓу конзервативниот Ликуд на Нетанјаху и партијата на Ганц, новата влада првично ќе има 32 министри, а половина година подоцна 36 и тогаш ќе биде најголема во историјата ан Израел.

Ганц, поранешен командант на израелската армија, ќе биде министер за одбрана и ќе ја има титулата алтернативен премиер сè додека не стане премиер.

Од ноември 2021 година, Нетанјаху ќе биде алтернативен премиер.

Кнесетот вечерва ќе гласа и за нов претседател.

Владата ќе вклучува и две партии на левиот центар, Лабуристичката и Гешер, како и две партии на ултраортодоксни Евреи.

Ликуд не успеа да се договори во владата да влезе и националната верска партија Jамина.

Благодарение на договорот меѓу Ганц и Нетанјаху, кој беше премиер повеќе од една деценија, а вкупно повеќе од 13 години, беа избегнати четврти избори во Израел.

Новата вонредна влада на национално единство беше формирана пред се во обид да се запре ширењето на заразата на коронавирусот.

Тоа, меѓу другото, го натера Ганц да се откаже од ветувањето дека нема да биде во влада во која премиер е Нетанјаху кој е обвинет за корупција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран