Канцеларот Себастијан Курц и новата австриска влада, составена од Народна партија (ОВП) и Слободарската партија (ФПО), денеска положија заклетва пред австрискиот претседател Александар ван дер Белен.
Во новата австриска Влада, ОВП е застапена со Курц како канцелар, со министерот за финансии Хиртвиг Легер, за економија Маргарет Шрамбек, за образование Хајнс Фасман, за жени и семејство Џулијан Богнер-Штраус, за земјоделство и екологија Елизабет Кестингер, за ЕУ, медиуми, уметност и култура Гернот Блимел, како и со државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Каролин Едштадлер.
Од ФПО вицеканцелар и министер за државна управа и спорт е Хајнс-Кристијан Штрахе, за внатрешни работи Херберт Кикл, за одбрана Марио Кунасек, за инфраструктура и сообраќај Норберт Хофер, за социјални прашања и здравство Беата Хартингер, надворешни работи Карин Кнајсел, а државен секретар за финансии ќе биде Хуберт Фухс.
Курц (31), е најмладиот канцелар на Австрија досега и во моментов најмладиот актуелен шеф на една влада во светот.
За време на положувањето на заклетвата во Виена се оджраа протести против новата влада.