Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

Од:

Девојче од Флорида трагично почина од екстремни жештини, откако била оставена заклучена во врелиот автомобил на момчето на нејзината мајка.

Маркиз Отинг (24) од Флорида беше уапсен на 25 јуни и обвинет за убиство од небрежност откако ја оставил шестгодишната ќерка на својата девојка во заклучен автомобил околу три часа. Аутинг дошол во окружната противпожарна единица на 20 мај после 17 часот, барајќи лекарска помош за детето. Болничарите притрчале на местото на настанот и го пронашле девојчето во несвест. Таа не дишела, а нејзината телесна температура била 41 Целзиусов степен, поради што веруваат дека имала акутен срцев удар, пишува „Дејли мејл“.

Бидејќи не успеале да ја реанимираат, ја однеле во блиската болница, но девојката починала подоцна истата вечер. Температурите на воздухот во областа Брадентон во округот Манате, каде што се случи инцидентот, достигнаа 32 степени тој ден.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“