Нова стратегија на ЕУ за Африка

Од:

Зелена транзиција, дигитална трансформација, траен развој и вработувања, миграција и мобилност и добро владеење се петте клучни области врз кои ЕК и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи ќе ја базираат својата нова стратегија за Африка, објавија денеска високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел и комесарката за меѓународни партнерства Јута Урпиланен.

Оваа стратегија ќе биде дискутирана со африканските партнери во октомври 2020 година за време на самитот помеѓу ЕУ и Африканската унија.

Според претседателката на ЕК Урсула ван дер Лејен, оваа стратегија е „патоказот што ќе ни дозволи да одиме напред и да минеме во повисока брзина во нашето партнерство за да се создаде просперитетна иднина, попацифистичка и потрајна за сите”.

За Борел, еден дел од иднината на Европа се одвива во Африка и оттука „потребна ни е силна Африка исто како што на Африка и треба силна Европа”.

Европа сака да и помогне на Африка во еколошката и дигитална трансформација. Со тоа ЕУ сака да промовира инвестиции во Африка кои можат да донесат трајни работни места. Комесарката Урпиланен изјави дека приоритет е младите и жените од африканскиот континент да бидат првите на кои оваа нова стратегија ќе им биде корисна.

Оваа одлука на ЕУ доаѓа во средбата на ЕК и Африканската унија што се одржа на 27 февруари 2020 година во Абиџан, средба на која дебатираа за идната соработка помеѓу двата континенти.

Би можело да ве интересира

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Орбан: Европа не е тоа што беше, иднината е во другите региони

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната