Нова рунда преговори за иранската нуклеарна програма во Њујорк

Од:

Следниот месец во Њујорк ќе се одржи нова рунда преговори за нуклеарната програма на Иран, најави денеска главниот ирански преговарач за нуклеарни прашања Абас Арагчи.

Според Арагчи, овие преговори ќе се одржат на маргините на Конференцијата на потписниците на Договорот за неширење на атомското оружје.

Третата сесија на Конференцијата на потписниците на Договорот за неширење на атомското оружје ќе се одржи во седиштето на ОН во Њујорк од 28 април до 8 мај.

По повеќе години, ова ќе бидат први преговори меѓу Иран и меѓународната „шесторка“ посветени на иранската нуклеарна програма, што ќе се одржат во Њујорк.

Преговорите се поветени на постигнување на конечен договор за ова прашање, откако во ноември двете страни потпишаа привремена спогодба со која Иран се согласи на ограничување на својата нуклеарна програма во замена за ублажување на меѓународните санкции.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он