Нова рунда преговори меѓу Иран и „шесторката“

Од:

Новата рунда преговори меѓу шесте западните сили и Иран за нуклеарната програма на Техеран ќе почне вечерва во Виена.

Првично беше предвидено разговорите да почнат денеска попладне, но одлучено е новата рунда да започне со неформална вечера.

Овие разговори ќе бидат посветени на изработка на предлог-конечниот договор за иранската нуклеарна програма.

Новата рунда преговори планирана е да трае четири дена, при што ќе се разговара и за спорната постројка за тешка вода во Арак и за активностите за збогатување на ураниум. Иранските дипломати изјавија деке веќе имаат конкретен предлог за прашањето Арак. Техеран тврди дека реакторот во Арак треба да има можност за да произведува радиоизоти, кои ќе се користат во медицината.

Во новата рунда преговори ќе се разговара и за проширување на контролата над сите постројки за збогатување на ураниум, како и рудникот за ураниум Гачин

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он