Нова рунда преговори меѓу ирачките и курдските сили

Од:

Припадници на Армијата на Ирак и на силите на ирачките Курди, познати под името Пешмерга, денеска одржуваат нова рунда преговори за надминување на конфликтот околу контролата над граничните премини во Ирачки Курдистан кон Иран, Сирија и Турција.

Преговорите следат откако ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во петокот им нареди на владините сили да ги запрат воените операции против пешмегрите во северниот дел на Ирак.

По ова преговорите започнаа уште во петокот вечерта, кои по вчерашниот прекин поради дополнителни консултации, продолжија денеска.

Абади во петокот порача дека целта на овие прегооври треба да биде трасирање на патот за мирно распоредување на припадници на ирачките Вооруѓени сили на граничните премини меѓу автономиот курдски регион во Ирак кон Иран, Сирија и Турција.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак