Европскиот суд за права на човекот ја осуди Романија за нови пет дела со што вкупната сума што треба да ја плати државата како резултат на тие одлуки, е 262.900 евра. Од нив, 230.000 евра се материјална штета и 32.900 евра морална штета, објави весникот Романија ллибера.
Петте дела се во врска со право на сопственост врз имот.
Според статистиката на Европскиот суд за права на човекот, Романија била осудена за 930 случаи досега, а во 451 станува збор за право на сопственост.