Околу 200 јапонски универзитетски професори побараа од јапонскиот премиер Шинѕо Абе да го повтори жалењето и извинувањето на Јапонија за своето милитаристичко и колонијалистичко минато во Азија.
Петицијата доаѓа во време кога Абе, кој е цврст националист, се подготвува на 15 август да ја одбележи 70-годишнината од поразот на Јапонија.
Декларацијата на премиерот Абе треба да потврди дека инвазијата и колонијалната доминација предизвикале зло и страдање кај соседните држави, меѓу кои се Кина и Јужна Кореја и да го повтори жалењето и извинувањето на сите претходни јапонски лидери, бараат потписниците на петицијата.
Петицијата е потпишана од околу 200 професори, меѓу кои експерти за современа историја, како и правници, новинари и борци за заштита на човековите права.
Со петицијата се повикува премиерот Шинѕо Абе да ја признае одговорноста на Јапонија за користењето на околу 200.000 „жени за забава“ во борделите на јапонската царска војска.