Нова истрага за падот на германскиот авион во француските Алпи

Од:

Француските обвинители соопштија дека отвориле истрага околу тоа, дали може да се подигне обвинувања за убиство без умисла, во случајот со падот на авионот на германската компанија „Џерманвингс“ во март оваа година, во француските Алпи.
Засега не е јасно кој би можел да биде обвинет, доколку обвинителите најдат основа за едно вакво обвинување.

Сите 150 патници и членови на екипажот, најголемиот број Шпанци и Германци, загинаа при паѓањето на авионот „Ербас А 320„.

Обвинителот од Марсеј, Брис Робин изјави дека „нема никакво сомнение„ оти копилотот на авионот, Андреас Лубиц (27) намерно го урнал „Ербасо“„ со кој во тоа време пилотирал.

„Џерманвингс“ и „Луфтханза“ која е компанија- мајка на помалиот германски авио-превозник, претходно соопштија дека Лубиц ги имал поминато сите неопходни кондициони и летачки тестови.

Но, германската компанија потврди дека тој страдал од серизона депресија во 2009 година, во време додека бил на обука за добивање пилотска дозвола.

Лекарите кои тогаш го лекувале изјавија дека Лубиц не би можело да биде пилот, но таа своја констатација не им ја откриле на неговите работодавачи во „Џерманвингс“ објаснувајќи го тоа со геранските закони за доверливост на здравјето на пациентите.

Обвинителот Робин тврди дека Лубиц имал средба со дури седумина лекари, на еден месец пред трагедијата во француските Алпи-еден општ лекар, тројца психолози и тројца специјалисти за очи, затоа што се залел на проблеми со видот.

Лубиц притоа признал дека не може да спие и дека спиел само по два часа во текот на ноќта. Изјавите на францускиот обвинител од Марсеј доаѓаат, по неговата средба со најблиските на дел од загинатите.

Би можело да ве интересира

Истрагата потврди: Вториот пилот намерно го урнал авионот на компанијата „Германвингс“

Ана Ололовска

Андреас Лубиц е копилотот кој го урна авионот на „Герман вингс“

Емир Латифовиќ