Нова истрага во Аргентина за смрта на синот на поранешниот претседател Менем

Од:

Посмртните останки на синот на поранешниот аргентински претседател Карлос Менем, се ексхумирани по 22 години од неговата мистериозна смрт.

Официјалната верзија за смрта на Карлос Саул Менем, во домашната јавност познат како „Карлитос“ е дека хеликопетрот со кој патувал имал несреќа, удирајќи во жиците на еден далекувод.

Еден аргентински суд прифати отворање нова истрага за случајот и дозволи ексхумација на останките на синот на некогашниот претседател, откако се појавија сомнежи дека Карлитос бил убиен.

Неговата мајка Зулема Хома сите години од неговата смрт, тврдеше дека синот бил жртва на терористички напад.

Таа тврди дека убијците пукале од огнено оружје во главата на Карлитос, а потоа го замениле неговото тело, со цел да се сокријат доказите за постоење на раните на главата.

Екипа форензичари сега ке ги испита ваквите тврдења. Тие треба да утврдат дали навистина станува збор за телото на синот Менем, или тоа е на некој друг и ке се обидат да утврдат што навистино се случило на 15 март 1995 година, кога официјално, тој загина во паднатиот хеликоптер.

Таткото Карлос Менем изминатите години ја подржуваше официјалната верзија за смрта на синот, но пред неколку години ја обвини либанската, шиитска, исламистичка група Хезболах дека го убила Карлитос.

Хезболх и Иран се формално обвинети од аргентинските власти за терористичкиот напад во 1984 година, кога од подметната бомба беше урнат Еврејскиот центар во Буенос Аирес.

Во овој напад беа убиени 85 лица, а стотина други беа повредени.

Сомневањето е дека синот на Менем бил убиен за да се натера таткото Менем да ја запре истрагата за нападот. Пред две годни , меѓутоа, поранешниот претседател беше осомничен од еден аргентински судија дека ја попречувал истрагата.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ