Нова исламмистичка група во Египет објави денеска свое основање оценувајќи дека армијата со симнувањето од власт на претседателот Мохамед Морси, објавила војна на исламот. Тие се заканија истовремено со насилства со цел примена на исламски закони.
Во соопштение на интернет, групата Ансар ал-Шарија објави дека ќе почне да собира оружје и да носи на обука свои членови.
Симнувањето од власт на Морси од страна на армијата, затворање тв-станици и смрт на демонстранти-исламисти, заедно претставува „војна објавена против исламот во Египет“, соопшти Ансар ал-Шарија.
Таа група ги обвини секуларистите, приврзаници на поранешниот претседател Хосни Мубарак, египетските христијански копти, силите за државна безбедност и воени команданти. Упатија осуда и за демократијата наведувајќи дека ќе се борат за примена на шеријатски закони.