Нова експлозија во магацин за нафта во Киев

Од:

Во магацинот за нафта во Киев, каде со часови беснееше оган, во кој загинаа пет лица, изутринава одекна нова експлозија.

– Очевидците велат дека експлозијата одекнала во 5:30 часот. Десетина противпожарни едиици и спасувачи и натаму се борат против пожарот, изјави новинар од украинската ТВ станица „112“, додавајќи дека е тешко да се стави под контрола пожарот, бидејќи резервоарите со гориво се близу еден до друг.

Пожарот во складиштето „БРСМ-Нафта“, на околу 30 километри југозападно од Киев, изби вчера, по што експлодираа резервоари за гориво. До изутринава пожарот зафати најмалку 16 резервоари.

Пожарникарите успеаја да спречат пожарот да се прошири за околната шума.

Според најновите информации во пожарот загинаа пет лица, а десет се повредени, од кои еден потешко.

Сопствениците на магацинот претходно изјавија дека се сомневаат оти пожарот бил подметнат.

Се проценува дека во складиштето за нафта има до 14 илјади метрички тони гориво.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Захарова: Украинските напади врз руски цивили докажуваат дека мирот не е на радарот на Киев

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Захарова: Режимот во Киев напаѓа и тероризира цивили

(ВИДЕО) Одмазда на Русија, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Захарова: Нуклеарните технологии во рацете на Киев претставуваат закана за целиот свет