Нова бура доаѓа кон Њујорк

Од:

Нова бура со силни ветрови и дожд се заканува од среда повторно да удри на Њујорк и Њу Џерси.

Метеоролозите предвидуваат дека од среда ќе дува ветер и до 90 километри на час, а температурата веќе падна на нула.

Десетина илјади луѓе на брегот на Атланикот и натаму немаат струја, и пред најавите за налетот на новата бура, ќе мора да пронајдат други места за да се засолнат.

Денеска е првиот работен ден во Њујорк по бурата Сенди, а многумина не можеа да стигнат на време на работните места или во училиште, зашто не можеа да влезат во возовите кои беа преполни.  И натаму има недостаток на гориво, па на некои места сеуште се чека долго за да се купи бензин.

Иако  претседателските избори се утре  градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг вели дека „нема поим дали градот е подготвен за одржување на изборите“.

Посебно загрижува најавата за новата бура, па од Националниот центар за временска прогноза, ги советуваат жителите на Њујорк да се подготват за нови исклучувања на струјата и предупредуваат да не се излегува од  дома додека бурата не помине.

 

 

Би можело да ве интересира

САД го бомбардира Јемен, Хутите му се одмаздуваат на Израел

(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

А1он

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредништво

Тајмс: Путин се обиде да манипулира или измами пет американски претседатели

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Преговорите меѓу Русите и Американците завршија