Во Шведска се подготвува нов закон за согласност на сексуален однос. Премиерот Стефан Ловен изјави дека сексуалниот однос доколку не е доброволен, тогаш е незаконски.
Потребата од нов закон произлегла од кампањата „И јас“. Донесувањето на овој закон би значело дека пред шведските судови би можело да се најдат повеќе тужби за сексуален напад и силување.
Предлог-законот има поддршка од повеќе партии во земјата. Со него се предвидува дека принудувањето на сексуален чин, доколку лицето не се согласи на тоа или јасно не покаже дека сака да учествува во сексуална активност, ќе се смета за незаконско.