Нов закон во Русија: Затвор за секој што го критикува Вагнер

Од:

Рускиот Парламент гласаше за нацрт-законот за казнување на сите кои ги критикуваат „доброволните“ групи кои се борат во Украина, пишува Sky News.

Руската Дума, долниот дом на парламентот, гласаше за измена на постоечкиот закон со кој се забранува какво било критичко или негативно покривање на руската војска.

Изгласан е амандман на законот со кој Москва сака да ги „заштити“ платениците на руската приватна воена компанија Вагнер, кои се борат во Украина. Да потсетиме, Вагнер е основан од Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател Путин, а платениците на таа воена компанија со месеци се обидуваат да го освојат источноукраинскиот град Бахмут.

Пригожин го поздрави овој потег на парламентот во Москва, кој дополнително ја прошири сеопфатната цензура во Русија воведена по инвазијата на Украина пред нешто повеќе од една година. Во јануари, Пригожин го повика парламентот да ги забрани негативните медиумски извештаи за неговите борци со измена на кривичниот законик. Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, побрза да рече дека ја поддржува идејата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка