Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Од:

Утринава уште еден силен земјотрес го погоди западен Авганистан, во истата област каде што серијата силни земјотреси минатиот викенд оставија околу 2.400 мртви. Американскиот геолошки институт (USGS) ја процени јачината на последниот земјотрес на 6,3 степени.

Погоди во близина на западниот град Херат, во близина на претходниот епицентар и на мала длабочина од околу 8 километри. Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди истото подрачје 20 минути подоцна на длабочина од околу 12 километри.

Минатиот викенд серија земјотреси со јачина од 4,6 до 6,3 степени ја потресоа истата област на длабочина од околу 10 километри, при што загинаа околу 2.400 луѓе, а целосно беа израмнети најмалку 20 села, покажуваат најновите податоци на талибанските власти.

Жителите на градот Машхад во Иран, на околу 300 километри од зоната на земјотресот, изјавија дека ѕидовите од нивните куќи се тресат.

Во средата, уште еден земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер повторно ја погоди истата област, при што загина едно лице, а беа повредени 153. Неколку села беа срамнети со земја во најмалку три области на провинцијата Херат.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан