Нов силен земјотрес ги погоди Соломонските Острови

Од:

Нов земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер рано изутринава ги погоди Соломонските Острови, само пет дена по силниот потрес што предизвика цунами и усмрти најмалку 10 лица, соопшти Американскиот геофизички институт.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 35 километри под океанското дно. На него му претходел друг силен потерес со интензитет од 6,5 степени, кој е регистриран вчера во утринските часови.

Најмалку 10 луѓе загинаа, а илјадници останаа без покрив над главата на Соломонските Острови по земјотресот и цунамито пред пет дена.

Архипелагот во јужниот дел на Тихиот Океан, кој е составен од 992 острови и каде живеат околу 600.000 луѓе, се простира врз Тихоокеанскиот огнен прстен, кој е сеизмички најактивен реон во светот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба