Нов процес во Иран против близок соработник на Ахмадинеџад

Од:

Обвинителството почна процес против близок соработник на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад кој е осомничен дека е вмешан во смртта на повеќе приведени по немири по спорниот реизбор на претседателот пред околу четири години.

Тврдењата против Саид Мортавази, поранешен техерански обвинител се нов политички проблем за Ахмадинеџад, коментираат западни медиуми. По првото појавување во суд, Мортавази се соочува со обвиненија за незаконско приведување луѓе и доставување лажни информации до повисоките власти.

Парламентарна истрага од пред две години откри дека тој бил вмешан во измачувања кои причиниле смрт на најмалку тројца луѓе кои демонстрирале против владата и ставени во затвор за време на масовни демонстрации по претседателските избори во 2009 година.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он