Нов празник во САД, во цела земја се одбележуваше крајот на ропството

Од:

Со паради, фестивали, излети во природа и часови по историја, Американците го прославија новиот национален празник Џунтинт низ целата земја, со кој се одбележува крајот на ропството во САД.

Во четвртокот, претседателот на САД Џо Бајден го потпиша законот со кој Џунтинт (Juneteenth) беше прогласен за 11-ти федерален празник. Предлог-законот претходно беше усвоен од Претставничкиот дом на САД, со 415 гласа за и 14 против. Сенатот едногласно го усвои предлог-законот.

Празникот „Џунтинт“ е комбинација од два англиски зборови, јуни и редниот број 19 (деветнаесетти) и е познат и како Ден на ослободувањето, потсетува Бета. Со него се одбележува 19 јуни 1865 година, кога војниците на Унијата ги ослободија последните робови во САД, во Галвестон, Тексас. Тоа беше две и пол години откако со Прокламација за еманципација беа ослободени робовите во јужните држави на САД.

„Џунтинт“ е прв нов федерален празник од 1983 година, кога во САД беше прогласен Ден на Мартин Лутер Кинг помладиот.

Повеќето американски држави и досега го признаава 19 јуни како празник или официјално го одбележуваа тој ден. „Џунтинт“ е платен празник за вработените во државните институции во девет држави, вклучувајќи ги Тексас, Њујорк, Вирџинија и Вашингтон.

„Џунтинт“ стана особено важен минатата година, поради полициските убиства на Џорџ Флојд, Бријана Тејлор, Рајшард Брукс и други афро-американци, чијашто смрт предизвика демонстрации против расната нееднаквост.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија