Политичкото и военото раководство на Мјанмар објави дека од утре ќе започне серија средби со шефовите на поголемите политички партии и етнички групи, со цел да се најде формула за воспоставување на национално помирување во државата.
Сегашната, полувоена, власт најави дека очекува очекува дефинитивен договор за надминување на недоразбирањата со партиите и согласност на племенските и етничките лидери за дефинитивен прекин на вооружените судири во повеќе подрачја на Мјанмар.
На состаноците ќе учествуваат и претседателот на Мјанмар Теин Сеин и најзначајната политичарка во државата, опозиционерката Аунг Сан Су Ќи. Со очекува сегашната влада да ги соопшти плановите за воведување на реформи препорачани од меѓународната заедница со кои по по преземањето на власта од страна на армијата во 1962 година поранешната Бурма треба да ја поврати демократијата.
Сегашната влада во Мјанмар е избрана во 2011 година, но работи под големо влијание на армискиот врв, а обидите на опозицијата за промени до сега беа категорички одбивани.