Нова рунда преговори меѓу „шесторката“ и Иран за иранската нуклеарна програма на ќе се одржат денеска во казахстанскиот град Алмати.
Делегациите на сите земји веќе пристигнале во Алмати и се очекува разговорите да започнат во 13 часот по локално време.
Претходно претставниците на „шесторката“ – петте земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН (САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција) плус Германија, ќе имаат одделна средба.
Русија, Франција, Германија и земјите од ЕУ веќе имале консултации, соопштија претставници на Унијата.