Нов извештај на британското разузнавање: Лукашенко распоредува специјални сили

Од:

Британското Министерство за одбрана известува за зголемување на активноста меѓу белоруските вооружени сили.

Во својот дневен извештај за разузнавање, Министерството соопшти дека рускиот сојузник Белорусија „најави распоредување на сили за специјални операции долж границата со Украина, како и единици за воздушна одбрана, артилерија и ракетни единици на полигоните за обука на западот на земјата“.

„Присуството на белоруски сили во близина на границата веројатно ќе ги спречи украинските трупи да можат да се распоредат за поддршка на операциите во Донбас“, се вели во соопштението.

Во извештајот се вели дека и покрај претходните шпекулации, белоруските сили не биле директно вклучени во конфликтот, а претседателот и сојузникот на Путин, Александар Лукашенко „веројатно ја избалансирал поддршката за Русија со желбата да се избегне директно учество во војната и западните санкции, украинската одмазда и можното незадоволство од белоруската војска“.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна