Токиската електроенергетска компанија „Тепко“ од изутринава се обидува да обезбеди електрична енергија неопходна за ладење на употребените ураниумски прачки во нуклеарната централа „Фукушима“, која беше тешко оштетена во катастрофалниот земјотрес и цунами пред две години.
Опремата во базените кои се користат за ладење на употребеното гориво, неопходна за спречување на било какви нуклеарни реакции, од синоќа нема електрична енергија, соопшти компанијат „Тепко“.
Инцидентот се уште не го загрозува снабдувањето со вода за ладење за реакторите 1,2 и 3 во кои дојде до значително топење на јадрата брзо по земјотресот и цунамито во март 2011 година.
Температурата во сите базени со гориво е под безбедносната граница од 65 степени, но со секој изгубен час се зголемува за 0,3 до 0,4 степени.
Портпаролот на „Тепко“ Кеничи Танабе изјави дека се прават сите напори за што побрзо стабилизирање на снабдувањето со електирчна енегрија, бидјеќи во реакторот 4 температурата би можела за четири дена да ги достигне критичниет 65 степени.