Нов доказ за убиство на принцеза Дајана

Од:

Поранешен член на елитните британски Специјални сили, по разговор со принцот Вилијам, и признал на својата сопруга, за смртта на принцезата.

Поранешниот војник на елитните Специјални воздухопловни сили (САС), тврди дека британската принцеза Дајана е убиена, така што еден член на единицата, со фарови намерно го заслепил возачот за да предизвика сообраќајна несреќа.

Човекот познат само како војник „Н“, наводно на својата сопруга и ја соопштил запрепастувачката приказна за смртта на принцезата, а таа одлучила информацијата да ја обелодени пред полицијата.

Скотлан јард по изјавата на жената реши повторно да го отвори случајот за смртта на принцезата во парискиот тунел.

Се било добро испланирано

-Зборувавме за часовите за возење, што мојот сопруг му ги даваше на принцот Вилијам, и во еден момент реков дека е тажно што неговата мајка сега не е тука да го види. Тогаш сопругот ми призна дека еден негов колега од САД е одговорен за несреќата и смртта на Дајана. Бев потполно шокирана. Не можев да поверувам што ми зборува – изјавила жената на војникот „Н“.

Според нејзините зборови, од сопругот дознала дека се морало да се случи токму во тунел, бидејќи многумина ја следеле сопругата на принцот Чарлс. Исто така војникот открил дека имале проблем и не им било лесно да ја предизвикаат несреќата, но дека сепак еден нивен колега успеал со светлата од својот автомобил да го заслепи возачот на принцезата.

На прашањето како можеле да направат такво злосторство, војникот „Н“ одговорол дека со неговите колеги само ја извршиле наредбата и дека тоа за нив било задача како и секоја друга.

Кобната ноќ

Британската принцеза Дајана и египетскиот милионер Доди ел Фајед за кого се тврди дека и бил љубовник, загинаа на 31-ви август 1997 година, во тунел во Париз.

Двајцата последен пат се видени заедно како излегуваат од хотелот „Риц“ и влегуваат во „мерцедес С280“, по што нивниот автомобил удри во столб во тунелот.

Според податоците од официјалната истрага, настанот е опишан како несреќен случај, за кој што е виновен возачот Хенри Пол. Тој наводно бил под дејство на алкохол и не успеал да го контролира автомобилот, бидејќи се обидувал да побегне од репортерите на моторцикли. Во несреќата загина и возачот, додека единствен преживеан е телохранителот на принцезата Тревот Рис Џонс, кој што беше тешко повреден.


Шпекулации за поврзаноста на принцот Чарлс

Медиумите по смртта на принцезата објавија писмо кое што таа, десет дена пред трагедијата, го испратила на својот батлер, во кое пишува дека нејзиниот сопруг, принцот Чарлс се обидува да ја убие. Многумина тврдеа дека за нејзината смрт е одговорна тајната служба „МИ5“, но ништо не е докажано.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Принцот Хари: Принцезата Дајана била прислушувана од новинари од таблоидот Сан

Лејди Дијана загина пред точно 23 години

Ана Ололовска

Париз планира „Плоштад на принцезата Дијана” на местото каде што загина

Ана Ололовска

Во контејнер во англиското пристаниште Харвич пронајдени 68 илегални имигранти

Емир Латифовиќ

Нема докази за вмешаност на специјалци во смртта на Дајана

Ана Ололовска

Фустан на принцеза Дајана продаден за 167.000 долари

Ана Ололовска