Нов договор меѓу Британија и Индија за безбедносна соработка

Од:

Велика Британија и Индија денеска потпишаа нов договор за соработка во областа на одбраната, соопштија британскиот премиер Борис Џонсон и индискиот премиер Нарендра Моди по средбата во Њу Делхи.

Британија ќе и помогне на Индија да изгради свои борбени авиони, изјави Џонсон.

Двете земји ќе се обидат да постигнат договор за слободна трговија до крајот на годината, изјавија официјални лица.

За време на неговата прва официјална посета на индискиот главен град, Џонсон разговараше со својот индиски колега Нарендра Моди за начините за зајакнување на безбедносните врски меѓу Велика Британија и Индија, која купува повеќе од половина од својата воена опрема од Русија.

Тој изрази надеж дека понудата на Велика Британија до Индија да воспостави поблиски безбедносни врски со Западот ќе ја охрабри земјата да ја намали зависноста од Русија за одбрана и ќе му помогне на Моди да го спроведе својот план за почеток на домашно производство на воена опрема.

Џонсон изјави дека Британија ќе и понуди на Индија општа дозвола за извоз со цел да се намали времето за испорака на одбранбените артикли, а таква лиценца моментално имаат само Европската унија и САД.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ