Нов црн рекорд во Индија – речиси 185.000 новозаразени со коронавирусот во последниот ден

Од:

Индија денеска достигна рекорден број на новозаразени со коронавирусот, по што градот Мумбај се подготвува за целосно затворање од вечерва на полноќ.

И покрај тоа, стотици илјади аџии сè уште се собираат на верски фестивал во северниот дел на земјата.

Индија пријави 184.372 случаи на зараза со коронавирусот во последните 24 часа, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Вкупниот број на заразени во земјата изнесува близу 14 милиони, а досега починале 172.085 лица.

Од април годинава, Индија е една од земјите кои се најпогодени од пандемијата на коронавирусот. Властите ги обвинуваат луѓето за непочитувањето на мерките и физичкото растојанија, во населението од 1,39 милијарди луѓе.

Во Индија и приватните болници се преполни и одбиваат пациенти. Со тоа се врши уште поголем притисок врз државните болници.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени