Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Од:

Европа би можела значително да ја намали зависноста на украинските вооружени сили од американските разузнавачки информации во наредните месеци, објавува „Фајненшл тајмс“ (FT), повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите меѓу европските сојузници.

Според „Фајненшл тајмс“, на неодамнешниот самит на лидерите на Европската Унија е договорено „систематски да се намали зависноста од САД на среден и долг рок“, што вклучува зајакнување на сопствените разузнавачки, технички и логистички капацитети во поддршка на Киев.

Изворите истакнуваат дека по повлекувањето на САД и привременото прекинување на споделувањето разузнавачки информации и испораките на оружје иницирани од претседателот Доналд Трамп, другите сојузници на Украина интервенирале со свои ресурси за да избегнат оперативни застој на теренот.

Порано, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз во моментов ѝ обезбедува на Украина околу две третини од сите разузнавачки информации што ги користи Киев. Тој потсети дека само пред една година, Украина во голема мера зависеше од американските разузнавачки капацитети, што, според него, покажува колку се менува рамнотежата на моќта во рамките на западната поддршка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

Загина британски војник во Украина

А1он

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он