Норвешки пратеник го предложи НАТО за Нобелова нагрда за мир

Од:

Норвешкиот пратеник Ерлен Виборг објави дека го предложил НАТО, најголемиот воен сојуз во историјата, за Нобелова награда за мир во 2020 година.

„Преку своето постоење, НАТО го гарантира нашиот мир 70 години. Благодарение на НАТО, ние ја избегнавме Студената војна да стане жешка војна“, напиша Ерлен Виборг на Фејсбук.

Тој е член на популистичка десничарска партија што е во владејачката коалиција во Норвешка.

„Понекогаш сме зависни и од воените операции за мир“, тврди Ерлен Виборг.

Пред само неколку дена во Лондон, Алијансата ја прослави 70-годишнината од постоењето.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО