Норвешка загрижена поради руските активности во меѓународни води

Од:

Русија ги засили морските активности во меѓународните води во близина на Норвешка, а нејзните воени капацитети предизвикуваат загриженост, изјави командантот на норвешката флота, адмирал Нилс Андреас Стенсоенес, пренесе Ројтерс.

Норвешка има арктичка граница со Русија, а нејзината економија се потпира на слободниот пристап до морињата.

Стенсоенес изјави дека Русија има право да се движи во меѓународните води.

– Загрижени сме поради зголемените активностите и зајакнувањето на капацитетите, бидејќи тоа може да биде искористено против нас, рече тој.

Министерката за надворешни работи на Норвешна, Ина Ериксен Соереиде рече дека шансите за војна во тој регион се мали, додавајќи дека норвешката морнарица смета оти руските маневри се „демонстрација на моќ“.

Би можело да ве интересира

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија