Норвешка отпушти 30 членови на кралската гарда поради употреба на дрога

Од:

Триесет членови на престижната норвешка кралска гарда ќе бидат отпуштени од служба поради користење нелегални дроги додека се на одмор, објавија во средата норвешките вооружени сили.

Армијата добила информација дека некои регрути користеле дрога на забава летово. Петмина од нив веднаш признале дека тоа го направиле, а подоцна тоа го направиле уште 25 регрути.

Сите 30 регрути биле членови на единицата на Кралската гарда на Неговото Височество, објавија норвешкиот јавен сервис НРК и весникот ВГ.

Портпаролот на норвешката армија Браге Стајнсон Вик-Хансен изјави за NRK дека регрутите ќе бидат отпуштени од армијата.

„Целиот персонал во вооружените сили има обврска да пријави доколку открие или забележи дека вработени или регрути користат дрога и да ги информира своите претпоставени“, изјави Стајнсон Виик-Хансен за NRK.

Кралската гарда го штити норвешкото кралско семејство. Нејзините членови секојдневно ја менуваат стражата пред кралската палата во Осло.

Единицата извршува должности и за време на некои посебни прилики, како што е доделувањето на Нобеловата награда за мир.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани