Нобелов лауреат остана без своите почесни титули поради расизам

Од:

На добитникот на Нобеловата награда за физиологија и медицина, Џеjмс Вотсон му се одземени сите почесни титули во лабораторијата „Колд Спринг Харбор“, каде што тој бил раководител.

Како што се посочува на официјалната интернет страница на лабораторијата, причината за овие мерки се изјавите на 90-годишниот научник во документарен филм, во кој вели дека „генетиката ги одредува разликите во просечниот коефициент на интелигенција кај европеидните и негроидните раси“.

– Изјавите на д-р Вотсон треба да бидат осудени оти науката не ги потврдува на ниеден начин, и тие не ги одразуваат ставовите на лабораторијата, на нејзините претставници, предавачи, соработници и студенти, истакнува лабораторијата.

Биологот остана без титулите почесен заштитник и почесен директор на „Колд Спринг Харбор“. Инаку, тој е нобеловец од 1962 година.

Треба да се напомене и дека ова не е првпат Вотсон да биде обвинет за расизам. Тој беше изложен на обвинувања за расизам и во 2017 година, кога претскажа мрачна иднина за Африка.

Би можело да ве интересира

Грета Тунберг номинирана за Нобелова награда за мир

А1он

Шведска лекарка ја врати Нобеловата награда поради Хандке

Ана Ололовска

Тројца добитници на Нобеловата награда за економија

Ана Ололовска

Нобелова награда за хемија за научници за развој на литиум-јонски батерии

Ана Ололовска

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за физика

Ана Ололовска

Пет занимливости за Нобеловата награда

Ана Ололовска