Ноам Чомски: САД ги сакаат Арапите само заради нафтата

Од:

САД се повеќе се присутни на подрачјето на арапските земји, а особено на Блискиот Исток, само заради големите нафтени богатства во овој дел на светот, напиша угледниoт американски филозоф, лингвист, писател и професор Ноам Чомски на својот Твитер профил.

– Главните светски извори на енергија се лоцирани главно на подрачјето каде живеат муслимани, во близина на Персискиот Залив, па само заради овој факт, тој дел од светот секогаш беше цел на огромното интересирање на САД, како и на Велика Британија, напиша Чомски.

Како што пренесува агенцијата Анадолија, Чомски смета дека САД воопшто немаше да се интересираат за состојбата на Блискиот Исток доколку на тоа подрачје не се наоѓаа најголемите светски резерви од нафта.

– Ако на тоа подрачје немаше нафта, САД и Велика Британија воопшто немаше да посветуваат внимание на овие арапски земји.

Тоа е главниот проблем во светот и тоа тешко ќе се промени во блиска иднина, оценува Чомски.

Тој напоменува дека заради нафтата американските власти се обидуваат да оддржат добри односи со своите главни сојузници на овие простори, властите во Саудиска Арабија.

– Од таа причина САД ги поддржуваат радикалните исламистички тирани, како што се оние во Саудиска Арабија. И затоа САД ги бараа најрадикалните исламистички убијци, кои можеа да ги најдат каде било во светот и да ги доведат во Авганистан, кои подоцна завршија во рацете на терористичката организација Ал Каеда, наведува угледниот професор, кој важи за еден од највлијателните мислители на денешницата.

Чомски смета дека во светот постојат луѓе, но и земји кои силно посакуваат и заговараат судир на цивилизациите, односно судир меѓу Западот и исламот.

– Постојат луѓе кои навистина сакаат судир на цивилизации, како што тоа беше Осама бин Ладен, смета Чомски.

Би можело да ве интересира

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ