„Њујорк тајмс“: Зеленски постепено ја губи поддршка во Украина и низ светот

Од:

Случајот со корупција во енергетскиот сектор на Украина се заканува да ја поткопа поддршката за Володимир Зеленски дома и во странство, пишува „Њујорк тајмс“.

„Голема истрага за корупција што стигна до неговиот најблизок круг ја загрозува поддршката на Зеленски и дома и во странство“, се вели во статијата.

За време на неговата изборна кампања, Зеленски го негуваше имиџот на лидер кој ќе се бори против олигарсите. Но сега, речиси седум години по последните избори, многу Украинци веруваат дека тој работи во „мал, затворен круг, неограничен од правила“, се вели во статијата.

На 10 ноември, Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САП) објавија голема операција наречена „Мидас“ за откривање на голема корупциска шема во енергетскиот сектор.

Претресите беа извршени во домовите на бизнисменот Миндич, познат како „паричникот“ на Зеленски, поранешниот министер за енергетика и сегашен министер за правда Герман Галушченко, како и во компанијата „Енергоатом“.

Подоцна, беа објавени снимки од разговори поврзани со случајот, но имињата на вклучените не беа јавно објавени. Во овој контекст, пратениците на Врховната рада го повикаа Андриј Јермак, началникот на кабинетот на Зеленски, да поднесе оставка.

Клучните личности во корупцискиот скандал се обвинети за перење пари. Според прелиминарните проценки, преку оваа шема се испрани околу 100 милиони долари.

После тоа, украинската премиерка Јулија Свириденко објави дека е планирана ревизија на сите државни компании, особено на енергетските.

Би можело да ве интересира

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%