„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Од:

Кога американскиот претседател Доналд Трамп суспендираше две програми кои обезбедуваат американска помош за меѓународните нуклеарни инспектори на почетокот на јануари, тој потенцијално ја загрози неговата цел да го спречи Иран да развие нуклеарен арсенал, пишува „Њујорк Тајмс“.

Иако една од двете програми подоцна беше обновена, последиците од овие одлуки, како што истакнува Њујорк тајмс, доведоа до опаѓање на довербата во напорите што овозможија со децении да се следи напредокот на Иран кон производство на нуклеарно оружје.

Анализата ја истакнува загриженоста на некои експерти дека овие пречки ќе ги одвратат талентираните професионалци да се ангажираат во областа на не ширење на нуклеарното оружје и ќе ја комплицираат глобалната борба против ширењето на овој вид оружје.

Нуклеарни експерти во американската влада посочија дека со претседателската одлука е суспендирана и помошта за лабораторијата на американското Министерство за енергетика која ја поддржува работата на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), се наведува во текстот, пренесува Танјуг.

„Овие политики се погубни. Тие се против науката и партнерствата кои ја градат нацијата“, рече Тери С. Волис Јуниор, поранешен директор на нуклеарната лабораторија Лос Аламос во Ново Мексико.

Средствата од две замрзнати програми се користат за регрутирање нуклеарни инспектори, нивно обучување, обезбедување опрема и учење за напредни методи за анализа, забележува „Њујорк Тајмс“.

Би можело да ве интересира

Трамп вели дека деновите на Мадуро се избројани

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Техеран: Гроси знае дека нашата нуклеарна програма е за цивилни цели

„Вашингтон пост“: САД се подготвуваат за граѓански немири

Горан Наумовски

Трамп: Тој е криминалец и треба да биде во затвор, грда личност, одвнатре и однадвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп нареди тестирање за нуклеарно оружје по 30 години

Катерина Ѓуровски