„Њујорк тајмс“: Јемен им забрани на САД да извршуваат антитерористички операции на негова територија

Од:

Властите на Јемен ја повлекоа дозволата САД на нивна територија да извршуваат операции со цел борба против осомничени терористички групи во земјата, пишува „Њујорк тајмс“.

Весникот нагласува дека оваа одлука е донесена, откако јеменските власти се разлутиле поради жртвите меѓу цивилите по првата операција, спроведена од новиот американски претседател Доналд Трамп. Фотографиите на деца, кои загинале како последица на вкрстениот оган во текот на 50-минутната престрелка, предизвикаа незадоволство во Јемен.

И покрај тоа што според Белата куќа операцијата била успешна, прекинувањето на операциите ќе ја отежне намерата на Трамп, кој веќе изјави дека планира далеку поагресивен пристап кон исламските екстремисти, пишува „Њујорк тајмс“.

Тоа го покренува и прашањето дали претседателот на САД ќе му даде поголеми овластувања на Пентагон при изборот и спроведувањето на антитерористички мисии во Јемен. Американското Министерство за одбрана побара поголеми овластувања од претседателот Барак Обама во последните месеци од неговиот мандат, но не ги доби. Трам изгледа дека има поголема волја да даде такви овластувања, додава весникот.

Белата куќа не ги коментирала реакциите на Јемен и се уште ја означува операцијата, чија цел беше собирање информации, како голем успех.

Ниту јеменските власти, ниту Белата куќа не дале официјална изјава за повлекувањето на дозволата за извршување операции, а портпаролот на Пентагон одби да даде коментар.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија