Американскиот претседател Џо Бајден им дозволува на рускиот колега Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг да ја диктираат надворешната политика на САД, пишува Њујорк пост.
Во текстот се наведува и дека Бајден целосно капитулирал пред рускиот лидер. Како што пишува Њујорк пост, Владимир Путин внимателно ги следел западните земји и првично знаел дека Европа зависи од руските резерви на гориво.
Тој претпоставуваше до што ќе доведат санкциите против Руската Федерација и затоа не се плашеше од нивното воведување. Сепак, и самата Бела куќа се плаши како рускиот лидер ќе одговори на овие санкции.
– Тој знае дека со почетокот на зимата Европејците веројатно ќе се соочат со недостиг и ќе се борат меѓу себе. Тој знае дека санкциите всушност ги покачија цените на гасот и нафтата. И знае дека се додека сме подготвени да ја вооружиме Украина со релативно лесна муниција, нема да ја вооружиме со ништо потешко. Тоа е поради нашиот страв од него – се наведува во текстот.