Њујорк нова станица на богатите Руси

Од:

Колапсот на кипарскиот финансиски систем не ги изненади олигарсите, кои се повеќе инвестираат во недвижнини во САД.

Преку банкомати или посебни трансфери за наводно хуманитарни резерви, голема количина на евра испарија од островот и откако кипарските законодавци ја фрапираа Европа со одбивање на данокот на банкарските депозити.

Никој не знае точно колку пари отидоа од кипарските банки ниту каде завршија. Додека обичните Кипарци чекаа во ред пред банкоматите да земат неколку стотици евра, останатите депоненти употребија низа техники да си ги подигнат своите пари.

На компаниите кои мораа да ги исполнат барањата за зголемување на депозити за да го избегнат доцнењето, средства беа обезбедени. Беа овозможени трансфери за трговија со хуманитарна стока, лекови и гориво за авиони.

Најбогатите Руси со месеци однапред знаеја дека кипарската економија пропаѓа и побрзаа своите пари да ги пренасочат на други инвестиции.

Гардијан пишува дека не е случајно што блиндираната јахта на рускиот тајкун Роман Абрамовиќ е усидрена на реката Хадсон во Њујорк, подолго од еден месец. Тој град стана рај за богатите Руси во последните три години, каде олигарсите и полу-олигарсите ги штитат своите пари од политичките хирови на Владимир Путин или од се поголемото фискално фијаско на еврозоната – наведува британскиот весник.

Некои богати Руси ги навреди инсинуацијата дека колапсот на кипарскиот финансиски систем ги фатил неподготвени.

финансиските неволи на Кипар станаа благослов за Њујорк. На њујоршкиот пазар за недвижнини почнаа да се слеваат големи количини на руска готовина од вообичаеното.

Според зборовите на инвестициските банкари, адвокати и советници на богати лица, Русите не купувале само станови во изминатата година додека кризата во еврозоната се интензивираше, тие градат недвижнини, на Менхетен, како и во други центри на гламур на источниот брег, вклучувајќи го и Мајами.

Една од причините зошто богатите Руси ги привлекува изградба на недвижнини во Њујорк е таа што малку која друга инвестиција се исплати, укажува британскиот весник. Каматните стапки се рекордно ниски, штедните влогови не донесуваат голема камата, а вредноста на уметничките дела и автомобилите често паѓа. Затоа богатите Руси влегоа во пазар кој очигледно секогаш расте, а тоа се њујоршките недвижнини.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он