Њу Орлеанс: Во престрелка на Денот на мајките повредени 19 лица

Од:

Полицијата во Њу Орлеанс е во потрага по три лица, осомничени за вчерашната престрелка која се случи за време на парадата организирана по повод Денот на мајките.

Според полицијата 19 лица се повредени во инцидентот, но повеќето од нив се надвор од животна опасност.

Медиумите пренесоа дека вчера попладне на парадата во Њу Орлеанс имало околу 200 лица кога во еден момент започнала пукотница во која со повреди се здобило и едно дете.

Врз четири лица се извршени хирушки интервенции, додека останатите се пренесени во четири болници на таа област.

Се уште никој не е приведен и не е јасно кој е мотивот за инцидентот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа