Никола Саркози е ослободен од затвор

Од:

Апелацискиот суд во Париз денеска го ослободи поранешниот француски претседател Никола Саркози од издржување на затворската казна и одлучи тој да биде ставен под судски надзор.

Саркози се наоѓаше во затворот Ла Санте во Париз од 21 октомври, по осудата на пет години затвор кон крајот на септември заради криминална завера во случајот за наводно финансирање на неговата изборна кампања со пари од поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи.

„Судот го прогласува барањето за ослободување за прифатливо и ве става под судски надзор“, изјави претседателот на Апелациониот суд во образложението на одлуката.

Пред судот, Саркози уверуваше дека е невин:

„Сакам сите да бидат убедени во едно: никогаш немав луда идеја да побарам од господинот Гадафи какво било финансирање. Никогаш нема да признаам нешто што не сум го сторил,“ рече тој пред да се разгледуваат условите на неговиот притвор.

Судот му изрече строга забрана за контакти, вклучувајќи ја комуникацијата со министерот за правда Жералд Дарманен, како и забрана за напуштање на земјата.

По објавувањето на одлуката, неговиот син Луј Саркози објави на платформата „X“ (поранешен Твитер) фотографија од себе како дете со својот татко, придружена со пораката: „Да живее слободата.“

Парискиот кривичен суд во септември го прогласи Саркози за виновен за соучество во криминална организација, но го ослободи од обвиненијата за пасивна корупција и нелегално финансирање на кампањата.

Судијката Натали Гаварино тогаш истакна дека поранешниот претседател „им дозволил на блиски соработници да стапат во контакт со либиски функционери“ со цел да обезбедат финансиска поддршка за неговата претседателска кампања.

Покрај затворската казна, Саркози беше и парично казнет со 100.000 евра.

Би можело да ве интересира

Никола Саркози излегува од затвор?

А1он

За 10 дена ќе се разгледува барањето за ослободување на Саркози

А1он

ВИДЕО: Саркози зад решетки, може веднаш да бара условно ослободување

Катерина Ѓуровски

Саркози e прогласен за виновен за злосторничко здружување

Горан Наумовски

Саркози: Ја нарекуваме Русија наш главен непријател – ова е историска грешка

А1он

Обвинителите бараат седумгодишна затворска казна за Саркози поради соработка со Гадафи