Нието ја одложи посетата на САД поради тензичниот телефонски разговор со Трамп

Од:

Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието ги одложи плановите за посета во Вашингтон по тензичниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори од двете страни.

Пења Нието планираше во текот на овој месец или во март да ја оствари неговата прва посета во Белата куќа и да се сретне со Трамп.

Но, во текот на 50-минутниот телефонски разговор, што беше остварен на 20 февруари, Пења Нието побарал од Трамп, при средбата во Белата куќа, да не бара јавно од Мексико да ја плати изградбата на ѕидот долж заедничката граница.

Трамп, сепак не ветил дека нема да го покрене чувствителното прашање, по што двете страни се договориле дека е подобро плановите за средбата да бидат одложени.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија