Ниеср: Животните трошоци ја туркаат Велика Британија во криза

Од:

Околу 1,5 милиони домаќинства во Велика Британија ќе имаат потешкотии да ги подмират трошоците за храна и енергија, поради зголемените животни трошоци, предупреди денеска Националниот институт за економски и социјални истражувања (Ниеср).

Според Институтот трошоците за храна и енергија ќе бидат повисоки од расположливиот приход во многу семејства поради високата инфлација, дополнително поттикната од војната во Украина.

– Владата мора итно да обезбеди помош, велат од Институтот, бидејќи на повеќе од 250.000 домаќинства следната година им се заканува сиромаштија, а вкупниот број на екстремно сиромашни би можел да се приближи до еден милион доколку нешто итно не се преземе. Се проценува дека поради кризата, Велика Британија годинава ќе западне во техничка рецесија, се наведува во соопштението од Ниеср.

Институтот предлага британскиот министер за финансии Риши Сунак да ги зголеми субвенциите за животните трошоци на невработените и граѓаните со ниски приходи за 25 фунти неделно и да им обезбеди на 11,3 милиони домаќинства со ниски приходи еднократен паричен надоместок од 250 фунти. Исто така Централната банка ќе мора да ги зголеми клучните каматни стапки од сегашните еден на два отсто и на 2,5 проценти во 2023 година до крајот на годината за да ја ограничи инфлацијата.

Гувернерот на британската Централна банка, Ендрју Бејли, минатата недела предупреди дека Велика Британија може да западне во рецесија, предвидувајќи истовремено дека инфлацијата ќе достигне врв од 10,25 отсто до крајот на годината.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година