„Независимаја газета“: САД тестираат нов беспилотен авион со вештачка интелигенција

Од:

САД станаа првата држава во светот што истрелала беспилотен летачки апарат од носач на авион, пишува рускиот весник „Независимаја газета“.

Отворена е нова страница во историјата на беспилотните авиони, тврди весникот. Според него, суштински е што првично програмиран, моделот Х-47В може да лета во наполно автономен режим без учество на оператор, кој ќе го контролира летот.

Американскиот дрон со тежина од 20 тони поседува исклучителни борбени карактеристики. Може да собира разузнавачки податоци, но и да гаѓа цели од воздух. Авионот со крила на расклопување нема опашка и според формата наликува на змеј.

Плафонот на летот му е над 12 километри; а може да лета над шест часа без полнење и тоа на растојание од речиси 4.000 километри.

Предвидено е дронот да најде примена во Азиско-Тихоокеанскиот регион како одговор на кинеските противбродски ракети. Тој е специјално разработен за полетување од носач на авиони и слетување на бродска писта, со што отпаѓа потребата да се бара одобрение од трети земји за изведување операции со неа, истакнува весникот.

Моделот се тестира во моментот кога нуклеарниот носач на авиони „Џорџ Буш постариот“ плови по Атлантскиот океан.

Би можело да ве интересира

Си-Ен-Ен: Почнаа преговорите меѓу Америка, Израел и Катар за прекин на огнот во Газа

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина