Еден угостител од местото Гшник, во австриската покраина Тирол, го нокаутира градоначалникот Кристијан Фелдер затоа што не било решено едно негово барање.
Угостителот пред некое време од општинските власти барал дозвола на својот имот да направи двор.
Бидејќи ни на последната седница на локалното Собрание тоа барање не било ставено на дневен ред, тој физички се пресметал со градоначалникот. Сведоци тврдат дека после седницата Фелдер му пришол и го удрил со тупаница. Градоначалникот бил нокаутиран, ја изгубил свеста и морал да биде однесен во болница.
Полицијата за овој случај покрена истрага, а угостителот ги негира сите обвиненија.