Невремето предизвика повторно големи штети во Франција

Од:

По уништувањето на околу 5000 хектари лозови насади во регионот на Бордо минатиот викенд, невремето пропратено со силни врнежи од град во текот на минатата ноќ предизвика голема штета во регионот на Лоара, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во Бриенон зрната град ја прекинале велосипедската трка и за само две минути оштетиле бројни автомобили и повредиле дел од гледачите. А на некои места во Роане врнежите од град траеле скоро еден час.

Во текот на денешниот ден скоро целиот централен дел на Франција кој се протега од североисток до југозапад е ставен под метеоролшка тревога, бидејќи според Метео Франс се очекуваат метеоролошки феномени, како силни поројни дождови, пропратени со град и со ветер кои на места можат да достигнат до 100 км на час. Неверемето во овие делови на

Франција треба да донесе и заладување со темеператури пониски за десетина степени во споредба со претходните денови, кога темепературата најчесто се движеше над 30 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски