Големо злосторство се случи во Берлин. Бебиситер (19) убил петгодишно девојче кое го чувал.
Имено, тој го однел девојчето со уште нејзините три браќа и сестри во парк. Децата си играле безгрижно, додека малото девојче посакало да оди во тоалет, пишуваат германските медиуми.
Потоа бебиситерот го донел девојчето во непознат правец, а предходно ги замолил луѓето во паркот да се погрижат на кратко за другите деца.
По еден час се вратил без девојчето и панично рекол дека ја изгубил.
Исчезнувањето било пријавено во полиција и започнала голема операција во која учествувале повеќе од 100 полицајци и биле подигнати хеликоптери за да го прегледаат секој дел од градот.
По неколку часа, минувачите го пронашле девојчето како неподвижно лежи на неколку стотини метри во Бургерпарк.
Таа имала убодни рани по телото. Реанимацијата беше неуспешна. Детето со хеликоптер било пренесено во болница, каде што починало.
Бебиситерот е уапсен и моментално е единствениот осомничен за убиство.