Неверојатната година за Јапонија

Од:

Зидојче цајтунг – Берлин

Не е само Никон – над 1000 јапонски компании годинава одбележуваат 100-годишен јубилеј. На што се должи таквата масовна стогодишнина?
Фотоапарат Никон при прошетка во вселената, фотоапарат Никон под водата, фотоапарат Никон во вулкан, и еден насред снежна бура.

– Веќе сто години размислуваме за светлината, се посочува во филмот со кој јапонскиот производител на фотоапарати Никон неодамна го одбележа стотиот роденден (на 25 јули) и си го објави влегувањето во следното столетите.

Заради овој јубилеј компанијата пред две години си подари музеј за Никон го ангажираше музичарот Каору Вада да компонира неоклсична симфонија „Lux Centuriae“ („Светлината на столетието“). Почитувачите на овој бренд можат да си купат модели на камери и објективи со изгравирано лого на јубилејот, беџови или кристална копија на Никон 1 од 1948 година, изработено од партнерот Сваровски. Како и секогаш нсред топлото и влажно лето во Токио се нудат и соби за разлдување со логото на фирмата.

Но Никон не е единстениот јапонски концерн кој годинава празнува јубилеј. Над 1000 јапонски компании потсетуваат дека се создадени пред еден век.

Меѓу нив се мноштво познати имиња како автомобилскиот производител Субару, производителот на гуми Јокохама, компанијата за спортска опрема Микаса или концернот за прехрамбени продукти Меиџи, како и производителот за опрема за бањи и светски лидер во тоалетите Тото.

Не е случајно што толку многу компании биле создадени преку една или во истата година.

Првата светска војна изврши силно влијание врз брзоразвивачката како индустриска земја Јапонија. Само 50 години претходно – во 1854, по над два века самонаметната изолција таа беше принудена од САД да се отвори кон светот. Во следните десетлетија, земјата најбрзо можно постави политички и економски основи за една модерна држава. Се создава индустрија, нов финансиски систем со нова валута – јенот, модерна инфраструктура и военоспособна армија.

За сите тие промени, како и за војните против Кина (1895 година) и Русија (1905 година) и колонизацијата на Тајван и Кореја, Јапонија има потреба од многу пари, вклучително и меѓународен капитал. Нејзината економија расте брзо, но е лошо управувана, а тоа најмногу важи за новите банки. Државата се задолжува, златните резерви се намалуваат. Во предвечерјето на Првата светска војна финансиската состојба на Јапонија е несигурна. Избувнувањето на војната во 1914 година уште повеќе ја заостри ситуацијата. Межународната трговија пропаѓа, а и без тоа сложената обработка на меѓународните плаќања станува уште потешка.

Всушност, војната во Европа истовремено и отвора на Јапонија неочекувани шанси. Земјата веќе има забележителна индустрија и додека европските колонии во Азија – индискиот потконтинент и Малезија (тогаш британски), француската Индокина, холандската Индонезија и Филипините (од 1898 колонија на САД), како и зазпадните концесии во Кина, се оддалечени од метрополите, и Јапонија успева да се вклучи во новата ниша на испораки.

Со отпаѓањето на конкурентноста од Европа, јапонските индустриски стоки и покрај својот полош квалитет веднаш станаа барани, извозот се зголеми. Јапонија дури ги снабдува колонијалните армии со муниција, а бродовите на јапонските компании го обезбедуваат транспортот. Помеѓу 1914 и 1919 година, јапонската машинска индустрија за три пати го зголемува своето производство, а бројот на работници во истата се удвојува. Од 1915, Јапонија, која пред тоа беше задушена од трговскиот дефицит, забележува значителен извозен суфицит. Истовремено, економијата на земјата започнува да прикажува раст од 10 проценти годишно.

Тоа ја оживува и внатрешната побарувачка и затоа што нема скоро никаков увоз, се создаваат нови производители како Нипон Когаку или Јапан оптикал индастрис, како што на почетокот беше името на Никон. Обединувањето на три оптички компании за прозводство на леќи, микроскопи и двогледи, вклучувајќи ги и оние за армијата, као и објективи и други делови за фотоапарати. Во 30-те години на 20-иот век, тоа овозможува производство за првите фотоапарати Канон, кои тогаш се викела Кванон, усовршена верзија на германската Лајка 2. Никон создава сопствени апарати дури по Втората светска војна – во 1948 го претстави легендарниот модел Никон 1.

Името на компанијата Никон доаѓа дури во 1988 година.
Во периодото на Првата светска војна, во јапонија не се отвараат само компании. Процветуваат и таканаречените „цајбацу“ – конгломерати управувани од одредени семејства со широко поле да дејсности. Во соработката со владата, тие ја стимулираат индустријализацијата на земјата, како што подоцна го сторија тоа „чеболите“ во Јужна Кореја. Мицубиши, еден од четирите најголеми цајбацу, на пример, во 1917 година создава огранок за производство на кабли и го произведува својот прв автомобил.

Многу компании се обединуваат во групи и взаемно си помагаат во периоди на кризи

По војната, американските окупатори ги разбиваат цајбацу на посебни компании, затоа што се многу силни и имаат централна улога во повоената изградба на Јапонија. Затоа денес има околу 25 компании кои се викаат Мицубиши, и го користата црвеното лого со трите ромба.
Истовремено, во обидот да бидат заменети цајбацу јапонските компании, вклучувајќи ја и групацијата Мицубиши, во периодото на повоената изградба на земјата се организираат таканаречените кајрецу – неформални здруженија кои користат јавна банка и трговска куќа, и взаемно управуваат со делови едни од други. Иако е независна компанија, Никон на пример е поврзан со кајрецу во кое влегува и Мицубиши.

Погледната наназад, Првата светска војна за Јапонија време на стартап компании, како што би рекле денес. Фактот што во 1917 се основани над 1000 фирми кои во моментв сеуште постојат, всушност ја покажува упорноста на јапонските фирми.

За тоа придонесуваат и кајрецу. Во периодни на кризи, леновите на здржнеието емно се потпомагаат нивните банки ги одржуваат на површина обременетите компании-зомбита, како тшо се случи пред неколку фодини со концернот за електроника Шарп. И обратно, а современите стартап омпании е исклучително тешко да добијат кредити за поддршка.

И покрај тоа, можни се случаи ога кајрецу принудува некоја компанија да се откаже од битката за заздравување, о што се случи со Коника-Минолта.

Кога во 2005 година се споија банките Мицубиши и УФЈ, е обединија и нивните кајрецуа. На тој начин во новата структура веќе има два производители на фотоапарати, чија дејсност всушност се преклопува. Никон е поуспешната компанија, така што Коника-Минолта мораше да биде затворена.

Во моментов, сите производители на тоапарати се во тешка ситуација. Од 2010 година, обртот во тој сектор опаднал за 80 проценти, затоа што луѓето сакаат да снимаат со своите смартфони.

Икон прикажа најголеми загуби во производството на полупроводници за литографски системи. Некогашниот лидер во фотографската технологија реба да со најде нова форма. Компанијата планира повеќекратно да ги зголеми инвестициите во оптички системи а медициснки цели во 2018 година повторно да излезе да остварува профит. Нејзиното заздравување би требало да е гарантирано, затоа што учеството во кајрецу исто како осигурување за живот.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови